• петок, 22 ноември 2024

Генерал Серхиј Кривинос: Украина плаќа висока цена за Бахмут, имаме големи загуби

Генерал Серхиј Кривинос:  Украина плаќа висока цена за Бахмут, имаме големи загуби

Киев, 26 април 2023 (МИА) - Украинските сили трпат големи загуби во битката за Бахмут, бидејќи Генералштабот на армијата не го подготви градот за одбрана, тврди поранешниот заменик командант на украинските сили за специјални операции, генерал Серхиј Кривонос.

-Ние плаќаме страшна цена за овој град. Станува збор за тоа дека некои офицери од командата направиле грешки и не го подготвиле градот за соодветна одбрана, изјави Кривонос, поранешен заменик секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, пренесува Тасс.

Во интервју за Канал 5, украинскиот генерал кажа и дека одбраната на пристапите кон Бахмут и самиот град не била добро подготвена, што резултирало со големи загуби.

Според неговото мислење, украинската армија уште во февруари требало да се повлече од Бахмут. сд/

Остани поврзан