• вторник, 23 јули 2024

Генералното собрание на ОН утре ќе расправа за хуманитарната криза во Газа

Генералното собрание на ОН утре ќе расправа за хуманитарната криза во Газа

Њујорк, 11 декември 2023 (МИА) - Генералното собрание на ОН ќе се состане утре за да разговара за хуманитарната криза во Газа, соопштија официјални лица и дипломати откако САД минатата недела ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот.

Специјален состанок на Генералното собрание свикаа за вторник попладне претставниците на Египет и Мавританија „како претседавач со Арапската група и претседавач со Организацијата за исламска соработка“.

Според дипломатски извори, Генералното собрание, чии резолуции се необврзувачки, се очекува на состанокот да гласа за текст за резолуција за прекин на огнот. Во нацртот-текстот се повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“, како и „итно и безусловно ослободување на сите заложници“.

Во петокот, САД ја блокираа резолуцијата за прекин на огнот, која дојде откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш свика итен состанок на Советот за безбедност, со примена на ретко користениот член 99 од Повелбата на ОН со кое ќе го сврти вниманието на СБ кон „секое прашање кое според него може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедност

„Авторитетот и кредибилитетот“ на телото се „сериозно поткопани“ од неговиот одложен одговор на војната, рече Гутереш подоцна. ссм/

фото: архива

Остани поврзан