• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот присуствуваше на одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа

Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот присуствуваше на одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа

Скопје, 16 јуни 2023 (МИА) - Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски денеска во месноста Моклиште присуствуваше на одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Бошњаковски положи цвеќе пред споменикот на 12 младинци кои беа убиени на 16 јуни 1943 година од бугарскиот фашистички окупатор.

На одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа беа откриени 12-те бисти на младинците и се отвори Спомен соба за достојно одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност. дма/са/

Фото: Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан