• вторник, 19 ноември 2024

Генералниот директор на АД ЕСМ,Ковачевски на работна средба со Амбасадори на земјите од Вишеградската група

Генералниот директор на АД ЕСМ,Ковачевски на работна средба со Амбасадори на земјите од Вишеградската група
Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, имал работен ручек со амбасадори на земјите-членки на Вишеградската група, во организација на словачкиот амбасадор во Р. Северна Македонија, Хенрик Маркуш. На средбата, како што соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија, присуствувале амбасадорите на земјите-членки на Вишеградската група, акредитирани во нашата земја: амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клеин, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски. Со амбасадорите на В4 -земјите, се разговарало за билатералната соработка, особено за поддршката што ја има Северна Македонија од овие земји, а биле разменети искуства за справувањето со енергетската криза, начините на справување со енергетските и економски предизвици, како и планираните инвестиции, и развојот на енергетскиот сектор. - Заеднички е оценето дека сите отворени билатерални прашања треба да се решаваат во европски дух и низ принципите на европските вредности, стои во соопштението од од АД Електрани на Северна Македонија. Директорот Ковачевски изразил благодарност за искреното пријателство и големата поддршка што ја добива Северна Македонија од В4-земјите. цр/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан