• понеделник, 23 декември 2024

Гевгелија го чествува Денот на ослободувањето 7 Ноември

Гевгелија го чествува Денот на ослободувањето 7 Ноември
Гевгелија, 7 ноември 2020 (МИА) - Со редуцирана програма и во услови наметнати од пандемијата на Ковид-19 денеска во Гевгелија се одвива централната прослава на Денот на ослободувањето на Гевгелија 7 Ноември. Претпладнево беше положено цвеќе пред спомен обележјата на народните херои и сите жртви на фажизмот, од страна на делегација на општина Гевгелија, што ја предводеше градоначалникот Сашо Поцков, од делегации на општинските борци, пензионери, политички партии и претставници на граѓански здруженија. Потоа, општинскиот Совет одржа свечена седница на која за особено залагање во справувањето со здравствената криза, им додели Благодарници на епидемиологот Сашко Олумчев, на Општата болница со проширена дејност, на јавното претпријатие „Комуналец“, Здружението на граѓани „Промени се“ и на ОВР Гевгелија. Градоначалникот Поцков во своето обраќање посочи дека годината од претходното до ова празнување, не само ние, туку и целиот свет, ќе ја паметиме по здравствената катаклизма која целосно ни го промени животот со последиците кои се непредвидливи и далекусежни. - Заштитата на здравјето на граѓаните беше и ќе остане наша првенствена задача. Општина Гевгелија прави се што е во нејзина надлежност и можност да обезбеди уште повисок степен на почитување на здравствените правила и прописи како најсигурен начин за намалување на последиците од вируот, рече Поцков. Празничната програма продолжува попладне се манифестацијата „Гевгелија на точак“ во организација на здружението на граѓани „Промени се“ и со виртуелна трка на 5 и 10 километри што ја организира атлетскиот клуб „7 Ноември“ . им/аа/

Остани поврзан