• среда, 27 ноември 2024

Гевгелиските комуналци се подготвуваат за секундарна селекција на отпадот

Гевгелиските комуналци се подготвуваат за секундарна селекција на отпадот
Гевгелија, 9 февруари 2022 (МИА) - Екипите на јавното комунално претпријатие од Гевгелија ги вршат последните подготовки за селекција на отпадот и почеток со работа на времената градска депонија кај Ново Конско, направена според стандардите на ЕУ, потврдија од претпријатието. - Мембраната на долниот дел од времената депонија,каде треба да се одложува отпадот,беше оштетена на неколку места но сега е во одлична кондиција и покриена со речен чакал како што предвидува проектот,велат од комуналното претпријатие. По исполнување на условите веднаш ќе се почне со примарна и секундарна селекција на отпадот, за што на домаќинствата и на правните лица ќе им се доделуваат бесплатни кеси.Секундарната селекција на отпадот ќе се врши во претоварната станица што ќе се изгради кај Пречистителната станица во Гевгелија. - Поголемиот дел од отпадот, поточно 70 отсто, ќе се одложува на времената депонија кај Ново Конско, а 30 отсто од селектираниот отпад за одредена надокнада ќе им се понуди на соодветни оператори.Со средствата од продажбата планираме да ги покриеме трошоците за собирање на отпадот, појаснуваат од ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија. им/цр

Остани поврзан