• петок, 05 декември 2025

Гвардиола ги откри имињата на омилените НБА играчи

Гвардиола ги откри имињата на омилените НБА играчи

Манчестер, 10.август 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола откри дека не е само фудбалот негов спорт. Тој на прес конференција во Палермо, каде неговиот тим играше контролен натпревар и победи со 3:0 откри дека ја следи и НБА лигата. 

Притоа му честиташе на својот пријател Џо Мазула за продолжувањето на договорот со Бостон.

На прашањето кој е негов омилен играч во НБА лигата, Гвардиола потенцираше дека по повлекувањето на Мајкл Џордан, тоа се: Стеф Кари, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.    мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан