• понеделник, 23 декември 2024

Гасол не размислува за откажување, сака да се врати во Лејкерс

Гасол не размислува за откажување, сака да се врати во Лејкерс
Лос Анџелес, 9 мај 2020 (МИА) - Шпанската кошаркарска легенда, Пау Гасол се надева дека ќе игра уште една сезона пред да се повлече. 39-годишниот центар веќе посочи дека би сакал да ја заврши кариерата во родниот град Барселона, но не ја исклучува можноста да го стори тоа во тимот со кој освои две титули во НБА - Лос Анџелес Лејкерс. - Дали размислувам сериозно? Не би рекол дека имам многу опции. Тоа е нешто што ми падна на памет. Да се ​​заврши мојата кариера во Лејкерси би било одлично. Можноста е привлечна, но засега таа не претставена на сериозен, официјален начин, објаснува легендарниот кошаркар. Гасол се приклучи на Лејкерс во 2008 година и беше клучна фигура во освојувањето на титулите во 2009 и 2010 година. - Имам одлична врска со Лејкерс и градот Лос Анџелес. Тоа секогаш ќе биде важно за мене, без оглед на тоа што ќе се случи. Ќе видиме“, рече Гасол. Центарот во моментов е слободен агент откако беше ослободен од неговиот договор со Портланд Трејлблејзерс. Тој претходно беше дел од Милвоки Бакс, но одигра само 3 натпревари, по што се повреди. Во својата НБА кариера има одиграно 1.226 натпревари, со просек од 17,0 поени, 9,2 скокови и 1,6 блокада, а ги носел дресовите на Мемфис, Лејкерс, Чикаго и Сан Антонио во поголемиот дел од својата кариера.

Тагови

Остани поврзан