• петок, 22 ноември 2024

Гарнет: Ако отидев порано во Бостон, ќе имав уште еден или два прстена

Гарнет: Ако отидев порано во Бостон, ќе имав уште еден или два прстена
Бостон, 8 април 2020 (МИА) - Легендата на Бостон, Кевин Гарнет, жали што се приклучи на Пол Пирс во Бостон Селтикс во 2007 година, бидејќи тие би можеле да освојат повеќе титули. - Ако можам да го вратам времето и да сменам нешто, ќе ја напуштев Минесота малку порано, знаејќи дека раководството на клубот не беше толку посветено како што бев јас. Ќе одев во Бостон порано. Би бил малку помлад, што значи помалку истрошено тело. Морав порано да се здружам со Пол Пирс. Којзнае, можеби сега би имал уште еден или два прстена, изјави Гарнет. Четириесет и тригодишниот Гарнет, НБА кариерата ја почна во Минесота во 1995 година, во 2007 замина во Бостон, потоа од 2013 до 2015 настапуваше за Бруклин, а кариерата ја заврши во Минесота во 2016 година. Пред два дена Гарнет влезе во „Куќата на славните“. зс/

Остани поврзан