• среда, 27 ноември 2024

Габер Дамјановска: Измените на Кривичниот законик да не се гледаат изолирано во однос на случувањата од минатото

Габер Дамјановска: Измените на Кривичниот законик да не се гледаат изолирано во однос на случувањата од минатото

Скопје, 12 септември 2023 (МИА)  -  Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска, смета дека измените на Кривичниот законик не треба да се гледаат изолирано во однос на случувањата во изминатиот период. Вистинското прашање,  како што изјави денеска таа, е зошто се поминати толку многу години со малку завршници на покренатите дела од обвинителствата.

- Мислам дека не треба измените да ги гледаме изолирано во однос на тоа што се случуваше претходниот период. За мене вистинското прашање е зошто толку години поминаа, а имавме толку малку завршници на сите оние дела кои беа покренати, дали од Специјалното јавно обвинителство или од регуларното обвинителство. Навистина тоа треба да се анализира, да се позанимаваат малку Судскиот Совет, Советот на јавните обвинители околу постапките за она што се случуваше. Во минатото имаше дури и амнестии, за да се испразнат затворите и нивната пренатрупаност. Пенетрецијарниот систем не може да ги покрие сите оние потреби кои реално ги има ако веќе сакаме сите да одат во затвор. Сите елементи прават некоја целина која што мора да се анализира објективно да се види што и како е, изјави Габер Дамјановска, на новинарско прашање по учеството на Конференцијата „Фемицид во Северна Македонија и Западниот Балкан“, што во Скопје. 

Измените на Кривичниот законик ги коментираше и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која  рече дека се во добра насока измените што се однесуават на конфискацијата на имотот. По различните реакции за измените 

-Во јавноста имаше различни видувања на КЗ, од страна на едни експерти беше кажано дека се во добра насока измените. Имаше и такви експерти, дел од правната фела коишто ги критикуваа измените. Во еден дел во конфискацијата на имотот мислам дека се во добра насока измените коишто гарантираат дека сето она што е стекнато нелегално ќе биде конфискувано и вратено кај граѓаните, изјави Тренчевска. Таа дополни дека не е правник и оти Министерството за правда, Владата и дел од експертите кои ги поддржуваат измените кажуваат дека нема да дојде до застарување на делата, туку напротив до поефикасно судство и ефикасност во работата на предметите коишто се дел и ќе бидат опфатени со измените на Кривичниот закон. лв/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан