• понеделник, 23 декември 2024

Вучиќ: Од четврток Србија нема да извезува пченица, брашно, пченка и масло

Вучиќ: Од четврток Србија нема да извезува пченица, брашно, пченка и масло
Белград, 8 март 2022 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави вечерва дека Србија ќе биде во голема неволја доколку ЕУ го забрани увозот на сите енергенси од Русија и дека Нафтената индустрија на Србија (НИС) веќе бара увоз на нафта од трети земји и дека Владата одлучила доколку се јави потреба, државата да се откаже од царинските давачки на таа нафта, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ најави и дека од четврток ќе биде забранет извозот на брашно, пченка, пченица и масло. -Во Европа луѓето се повеќе загрижени за пченката, Америка е повеќе загрижена за пченицата. И се чека одлуката на Путин и владата за тоа што Русија нема да извезува. Цените вртоглаво растат. Имаме предност во пченицата и пченката. Од четврток повеќе нема да има извоз на пченица и брашно, пченка исто така, и масло, бидејќи извозот скокнал за 109 отсто, изјави Вучиќ на ТВ Б92. Тој посочи дека Србија ќе има доволно за себе и за регионот, но дека сè што се случува во светот му изгледа како крај на светот во економска смисла и толку разурнувачки што за тоа нема лек. Тој изјави дека имал добар разговор со Викторија Нуланд (државен потсекретар за политички прашања во Стејт демпартментот) за „сите наши работи“, како и со пријателите од соседството и дека добил впечаток дека општата паника се заснова на реална ситуација. Тој оцени дека во изминатите 24 часа е дојдено до големи нарушувања во светот. -Србија е во неволја ако ЕУ го забрани увозот на сите енергенси, бидејќи нема од каде да добие – не може од небо да ни паднат нафтата и гасот, кажа Вучиќ. Веќе бараме од каде би можеле тоа да го набавиме, а веќе реагиравме и со НИС кој бара увоз од трети земји и денеска донесовме одлука, подготвена од Владата, за ослободување на одредени стоки од царина во 2022 година, а ќе се однесува ако има потреба, на нафта од трети земји каде немаме големи приходи на царина, ќе се откажеме како држава, за да обезбедиме целосно снабдување на пазарот, изјави Вучиќ на телевизија Б92. об/

Остани поврзан