• петок, 22 ноември 2024

Вучевиќ: СНС утре од Вучиќ ќе бара мандат за влада

Вучевиќ: СНС утре од Вучиќ ќе бара мандат за влада
Белград, 20 јули 2020 (МИА) - Членот на претседателството на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ изјави дека претставниците на СНС утре ќе одат на консултации за формирање на новата влада со српскиот претседател Александар Вучиќ и дека ќе бараат мандат за состав на владата. - Легитимно е мандатот за состав на владата да му се довери на СНС, тогаш ќе видиме дали можеме да разговараме со потенцијалните коалициски партнери за формирање влада. Верувам дека владата ќе биде формирана за еден месец до месец и половина, изјави Вучевиќ за ТВ Пинк. Тој рече дека иако новата влада не е формирана, „актуелната функционира, добро си ја работи својата работа, особено во борбата против коронавирусот“. - Секако дека владата ќе биде формирана во рамките на уставните и законските рокови, ние не доцниме, важно е да се формира влада која ќе има капацитет, енергија и политичка сила да работи заедно со претседателот на Србија во наредните четири години за да ја зајакне Србија економски и да ја продолжи борбата против коронавирусот, рече Вучевиќ. На прашањето дали е вистина дека тој е еден од главните кандидати за иден премиер, одговори: „тоа да остане на ниво на шпекулација“. Според Вучевиќ, „сигурно ќе има големи промени во владата, парламентот, но и на ниво на градоначалници“. паг/

Остани поврзан