• понеделник, 29 април 2024

Втора фаза од тeрестричното прскање против комарци во Скопје

Втора фаза од тeрестричното прскање против комарци во Скопје
Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) – Втората фаза од терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми и ларви од комарци, ќе се врши од утре, 29 јуни до 3 јули, во време од 22 до 23 часот, информираат од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, велат, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ев/са/

Остани поврзан