• понеделник, 23 декември 2024

Втора фаза од акцијата за обнова хоризонталната сигнализација на гевгелиските улици

Втора фаза од акцијата за обнова хоризонталната сигнализација на гевгелиските улици
Гевгелија,13 септември 2021(МИА) - Втората фаза од реализацијата на годишната акција за обновување на хоризонталната сигнализација на улиците во Општина Гевгелија, продолжи на улиците во централното градско подрачје. - Обележувањето на хоризонталната сообраќајна површина треба да го завршиме на површина од 9.400 квадратни метри. Во моментот се работи на главната сообраќајница во градот, улицата „Димитар Влахов“ паркинг просторот спроти Основниот суд,пешачките премини како и на осовинските и стоп линиите, информираат од Општина Гевгелија. Во рамки на акцијата, претходно се обележаа училишните и реонските игралишта за мал фудбал и кошарка, на површина од 1.200 метри квадратни, со најава дека истата активност ќе биде спроведена и во населените места. За реализација на акцијата, Општина Гевгелија од сопствениот буџет издвои 1,1 милиони денари. им/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан