• четврток, 19 декември 2024

Врела љубовна напивка

Врела љубовна напивка

Со оваа комбинација на чоколадо, ароматични зачини, слатка павлака и млеко вашиот живот ќе стане сладок...

Потребно е: 400 мл полномасно млеко 150 г чоколадо за готвење 2 кесички ванилин шеќер 1 стапче цимет 1 чили (луто) пиперче 2 лажичиња кафеав шеќер 100 мл слатка павлака 1 лажица ликер амарето 2 лажици рендано чоколадо

Подготовка: - Во млекото додадете ги ванилиниот шеќер и кафеавиот шеќер, стапчето цимет и чили-пиперчето. Загрејте го до вриење.

- Додадете го чоколадото искршено на парчиња и на тивко варете ја смесата со постојано мешање додека не се растопи чоколадото.

- Садот тргнете го од рингла и по 10-тина минути извадете ги зачините и повторно напивката ставете ја да се вари до вриење.

- Напивката распоредете ја во чаши и пред да ја послужите додадете го ликерот амарето и измешајте.

- На крај украсете со изматена слатка павлака и посипете со изрендано чоколадо.

Остани поврзан