• петок, 05 декември 2025

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

Струга, 24 август 2024 (МИА) - Со меѓународно поетско читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен Венец“, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” вечер на Мостот на поезијата во Струга завршува 64. издание на Меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата (СВП).

Највисокото фестивалско признание „Златен венец“ ќе му биде врачено на годинашниот лауреат, словачкиот поет Иван Штрпка. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата ќе и биде доделена на македонската поетеса Јулијана Величковска за Збирката „Рајсфершулс“. Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ќе му биде врачена на Матеуш Шимчиќ од Полска  поетска книга „Потребни се извори“.

На 64. издание на Струшките вечери на поезијата учестуваат околу 70 поети од земјава и странство, а фокус на годинашната манифестација е глаголицата.
Меѓунардниот поетски Фестивал свечено беше отворен во четвртокот со традиционалнот палење на фестивалскиот оган и садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златниот венец“. сс/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан