• сабота, 23 ноември 2024

Вработени во „Аерофлот“ во Хрватска добија отказ

Вработени во „Аерофлот“ во Хрватска добија отказ
Загреб, 28 март 2022 (МИА) - Поради санкциите воведени против Русија, вработени во руската национална авиокомпанија „Аерофлот Ерлајнз“ во Хрватска добија отказ. Последниот лет на компанијата меѓу Загреб и Москва беше на 27 февруари. По тој датум сите летови беа откажани, а сега и сите вработени во компанијата добија отказ, пишува порталот „Croatian Aviation“. Според порталот „Индекс“, „Аерофлот“ во Хрватска има две филијали што работеа дури и за време на пандемијата од коронавирусот. Се наведува дека пред украинската криза, руската авиокомпанија во Хрватска бележеше одлични резултати на летот Загреб - Москва. бд/гт/

Остани поврзан