• понеделник, 04 ноември 2024

Во 2020 година годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен 545.015 денари

Во 2020 година годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен 545.015 денари
Скопје, 3 јуни 2022 (МИА) - Годишниот просек на издатоци на работодавач по вработен во државава во 2020 година изнесува 545 015 денари, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем годишен просек на издатоци на работодавецот по вработен има во секторот Информации и комуникации и изнесува 958 664 денари. Во 2020 година, годишниот просек на издатоци на работодавачот по фактички одработен час изнесува 306 денари, а вкупниот годишен просек на фактички одработени часови е 1780. За обработката на податоците од истражувањето Анкета за цената на трудот во 2020 година се користени административни податоци од Управата за јавни приходи и од Агенцијата за вработување. лв/сп/

Остани поврзан