• четврток, 19 декември 2024

Во 12 градови веќе нема Ковид-19, од утре масовен скрининг

Во 12 градови веќе нема Ковид-19, од утре масовен скрининг
Скопје, 12 мај 2020 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека заклучно со денеска во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи на КОВИД-19. Тој апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да се задржи овој тренд. - Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растеретени, од утре почнуваме со масовен скриниг – започнуваме со вработените во детските градинки, пишува Филипче.фф/са/  

Остани поврзан