• сабота, 09 ноември 2024

Во јуни 277 одобренија за градење, од 550 планирани станови 388 се во Скопје

Во јуни 277 одобренија за градење, од 550 планирани станови 388 се во Скопје
Скопје, 17 август 2022 (МИА) - Во јуни годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е за 13,4 проценти помалку во однос на јуни лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 691 127 000 денари, што е за 19,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во Скопскиот регион се издадени 73 одобренија, од кои најмногу во Илинден (24), во Карпош (16), Аеродром и Петровец по шест, Кисела Вода и Бутел по три,... Предвидена е изградба на 550 станови со вкупна корисна површина од 40.493 метри квадратни. Најголем дел од становите, 388, ќе се градат во Скопскиот регион, а од вкупната бројка, 215 се во Аеродром, 84 во Кисела Вода, 26 во Петровец. Во Битола се планирани 78, Струга 26,.. Од вкупниот број  издадени одобренија за градење, 132 (47,7  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 57 (20,5 проценти) од нискоградба и 88 (31,8 проценти) за објекти за реконструкција. Од 277 објекти, на 147 (53,1 процент) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (46,9 проценти) инвеститори се деловни субјекти. лв/бак/

Остани поврзан