• понеделник, 23 декември 2024

Во Хонг Конг ќе се цензурираат филмовите кои ја загрозуваат националната безбедност

Во Хонг Конг ќе се цензурираат филмовите кои ја загрозуваат националната безбедност
Хонг Конг, 11 јуни 2021 (МИА) - Властите во Хонг Конг денеска го овластија Одборот за цензура да го забрани секој филм што би можел да ја загрози националната безбедност. - При анализа на филмот и неговото влијание врз гледачите, цензорот мора да земе во предвид обврската за спречување на сите активности кои можат да претставуваат закана по националната безбедност, се наведува во соопштението на властите на Хонг Конг. Исто така се наведува дека „цензорот во име на народот на Хонг Конг е должен да го штити суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Народна Република Кина“. Хонг Конг е центар на азиската кинематографија, а цензурата на филмовите е уште еден удар за политичката и културната слобода на Хонг Конг. Изминатиот период значително е влошена политичката клима поради мешањето на Пекинг во задушувањето на продемократските протести во 2019 година. ми/

Остани поврзан