• среда, 17 јули 2024

Во Тремник санирани наносите од невремето

Во Тремник санирани наносите од невремето
Неготино, 31 август 2022 (МИА)-Во неготинското село Тремник санирани се наносите од невремето, информираше денеска градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.
-По пријава на жители на Тремник кои и самите со механизација и работна рака се вклучија во расчистувањето, екипи од стручните служби на општина Неготино и ЈП Комуналец,  со механизација интервенираа на терен во ова село и извршија расчистување на наносите создадени од обилните врнежи од дожд, соопшти градоначалникот.
 Се интервенирало на улици во селото, расчистен бил просторот кај надвозникот кај стариот автопат.
-Посебно внимание се обрна на санирањето на состојбите на објектот наменет за новата градинка, што се адаптира веќе извесен период и во кој ќе бидат сместени сите дечиња од селото Тремник. Работите на терен продолжуваат и понатаму, додаде Стојанов. свд/ир

Остани поврзан