• сабота, 23 ноември 2024

Во судири во Идлиб 15 загинати

Во судири во Идлиб 15 загинати
Дамаск, 6 март 2020 (МИА) - Најмалку 15 лица загинаа денеска во судири меѓу сириските владини сили и бунтовниците во провинцијата Идлиб, неколку часа откако стапи во сила руско-турскиот договор за прекин на огнот, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. Центарот, со седиште во Лондон, нагласи дека судирите се случиле во регионот Џабал ал-Завија. Загинале шест сириски војници и нивни сојузници, како и девет бунтовници, се додава во соопштението на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. гт/  

Остани поврзан