• понеделник, 23 декември 2024

Во Струмица се одржа информативна сесија за Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ за граѓанските организации

Во Струмица се одржа информативна сесија за Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ за граѓанските организации
Струмица, 7 октомври 2022 (МИА) - Во Струмица денеска се одржа информативна сесија за Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ за граѓанските организации од регионот, на која тие беа информирани за повикот за предлози. Според лидерот на тимот, Зинта Миезаине, информативни сесии се организизраат во седум градови во државата, а досега се одржале во Битола, Охрид и Гостивар. - Европската унија обезбедува 900.000 евра за поддршка на малите локални граѓански организации. Оваа поддршка од ЕУ ќе ги зајакне капацитетите на организациите и ќе овозможи успешно да ги спроведат своите активности за навремено да одговорат на потребите на нивните заедници, изјави Зинта Миезаине, лидер на тимот на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија” во чии рамки е објавен повикот. Заинтересираните граѓански организации од сите плански региони во државата можат да конкурираат со свои проекти до 15 идниот месец, а проектот е финансиран од Европската Унија и имплементиран од CPM Consulting International. рт/дма/

Остани поврзан