• петок, 22 ноември 2024

Во Струмица се гради парк во урбана заедница

Во Струмица се гради парк во урбана заедница
Струмица, 14 мај 2021 (МИА) - Општина Струмица почна со изградба на парк во втора урбана заедница, во близина на ООУ „Никола Вапцаров“, на површина од 2.500 метри квадратни од кои 2.100 ќе бидат зелена површина. Како што информираат од Општината, во паркот ќе има и урбана опрема, клупи за одмор и корпи за отпадоци, а се планира да бидат засадени над 500 зимзелени и листопадни растенија и дрвца. Во овој нов простор ќе се постави и подземна инсталација за наводнување со системи за распрскување, како и електрична инсталација за осветлување. Изградбата на паркот чини два милиони денари, а за околу еден месец треба да биде предаден во употреба. рт/аа/

Остани поврзан