• недела, 22 декември 2024

Во Србија четвороцифрен број новозаразени со Ковид-19 за 24 часа

Во Србија четвороцифрен број новозаразени со Ковид-19 за 24 часа
Белград, 13 август 2021 (МИА) - Србија, по постојаното зголемување на бројот на заразени лица во претходните денови, надмина 1.000 нови инфекции со коронавирусот, а здравствените власти, исто така, соопштија за шест смртни случаи. Официјалните лица предупредуваат дека веќе почна четвртиот бран на Ковид-19. Србија последен пат имаше повеќе од илјада заразени дневно на 12 мај, кога беа регистрирани 1.046 случаи на инфекција, и оттогаш следеше тренд на намалување, што беше кон средината на јуни, со околу шеесет дневно. Во изминатите 24 часа, шест лица починаа како резултат на инфекција со коронавирус во Србија, а меѓу 11.324 тестирани примероци, потврдени се 1.072 нови случаи на инфекција, соопшти  Министерство за здравство на Србија. Во болница има 831 пациент, а 25 на респиратори. зш/

Остани поврзан