• петок, 22 ноември 2024

Во секташки ритуал убиени седум, а малтретирани 14 луѓе

Во секташки ритуал убиени седум, а малтретирани 14 луѓе
Панама, 16 јануари 2020 (МИА) - Седум лица се убиени, а 14 луѓе, меѓу кои има деца и бремени жени, биле физички малтретирани во еден верски ритуал одржан во џунгла во Панама. За време на ритуалот десет водачи ги опколиле луѓето, ги малтретирале, удирале, гореле и ги сечеле со мачети, со цел да се „покаат за своите гревови“. Тоа се случило на еден подалечен имот на кој е направена импровизирана црква на малку познатата секта „Ново божевско светло“, а кога полицијата пристигнала со хеликоптери, успеала да ослободи 14 членови на автохтоната доморотска група Нгабе Бугле, кои биле врзани и удирани со дрвени стапови. Полицијата и обвинителството биле известени од тројца припадници на групата кои успеале да побегнат, а кои потоа биле хоспитализирани. Според обвинителот, на местото на инцидентот биле пронајдени голи мажи и жени, како и мачети, ножеви и ритуално жртвувана коза. Два километра подалеку од местото се пронајдени безживотни тела на шест деца и една бремена жена. Станува збор за релативно нова секта во таа област, која веројатно дејствувала околу три месеци. гт/

Остани поврзан