• петок, 22 ноември 2024

Во поголемиот дел од Белгија прогласен „жолт“ аларм во очекување на поројни дождови

Во поголемиот дел од Белгија прогласен „жолт“ аларм во очекување на поројни дождови

Брисел, 31 јули 2023 (МИА) – Белгискиот Кралски институт за метеорологија денеска прогласи „жолта“ метео аларм во поголемиот дел на Белгија, во очекување на поројни дождови во вечерните, ноќните и раните утрински часови, во кој период се предвидува да наврнат од 20 до 35 литри дожд на квадратен метар.

„Жолтата“ фаза, што стапи во сила попладнево и ќе трае до утре до 8 часот, се однесува за реонот на главиот град Брисел, регионот Валонија, како и на фламанските провинции Лимбург и Брабант.

Од „жолтиот“ аларм се исклучени само северните и западните делови на Фландрија, каде во наредните часови се очекува да наварнат меѓу 10 до 20 литри дожд на квадратен метар .

„Жолт“ метео аларм може да се прогласи за период од најмногу 48 часа во очекување на појава на невреме со веројатност од најмалку 65 отсто. сп/лв/

Фото: Скриншот

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан