• понеделник, 23 декември 2024

Во Пехчево и село Црник реализифрани активности по повод Европската недела на имунизација

Во Пехчево и село Црник реализифрани активности по повод Европската недела на имунизација
Пехчево, 8 мај 2021 (МИА) - Во Пехчево и селото Црник се реализирани активности како дел од одбележувањето на Европската недела на имунизација. Зоран Биковски од невладината организација КХАМ истакна дека  покрај поттикнување на имунизацијата кај новороденчињата, цел на годинешните активности е подигањето на свеста за важноста за самата грижата за доенчињата, како и подобрувањето на здравствениот аспект и пристапот до здравствените институции. - Акција за поттикнување на имунизацијата може да организирате секоја недела, меѓутоа ова е посебна недела, се со цел да се даде значење на имунизацијата од европски и светски аспект, посебно во услови на пандемија од Ковид-19. Ние ги посетуваме тие семејства кои имаат новороденчиња не постари од една година, но и ја поттикнуваме јавната свест, не само да ги носат децата на имунизација, туку во исто време да одат и на редовни гинеколошки прегледи и да си ги знаат своите права од репродуктивно здравје, рече Биковски. Во активностите годинава се вклучи и Општина Пехчево која додели хуманитарни пакети за семејства од православна и муслиманска вероисповед. - Посебен акцент оваа недела се става на пропуштени и невакцинирани деца. Локалната самоуправа на чело со градоначалникот Драган Тренчовски донираше 12 хуманитарни пакети за семејствата со новородени дечиња, но и апелиравме заедно да се подигне свеста дека вакцинацијата е најисплатлива јавна здравствена превентивна мерка со која се минимизирани и редуцирани многу јавни болести, истакна Живко Каликов од Општина Пехчево. Зекија Дауткова од село Црник, која е мајка на новороденче изрази задоволство од грижата на надлежните за нејзиното новороденче. - Бебето редовно го вакзинирам, на другите мајки им порачувам редовно да го носат на вакцини, редовно да посетуваат гинеколог, од страна на здравствените работници ми е укажано доволно внимание како мајка на новороденче за што сум многу благодарна, рече Дауткова. Активности по повод Европската недела на имунизација во текот на изминатата недела се реализираа и во Општина Делчево. в.с/цр  

Остани поврзан