• четврток, 18 јули 2024

Во Македонска Каменица доделени наградите за редовните плаќачи на комунална такса

Во Македонска Каменица доделени наградите за редовните плаќачи на комунална такса
Македонска Каменица, 20 февруари 2021 (МИА) - Редовните плаќачи на комунална такса од Македонска Каменица ги добија наградите, кои каменичкото комунално претпријатие „Камена Река“ ги додели во склоп на наградната игра која беше организира во текот на месец февруари. Со наградната игра како што информираше директорот на претпријатието Влатко Андоновски беа опфатени сите граѓани кои ги подмириле своите сметки за комунална услуга заклучно со месец декември 2020 година. -И оваа, како и минатите години организиравмее наградна игра чија главна цел е да ги мотивираме нашите корисници редовно да ја плаќаат комуналната такса. Имавме солидни награди како шестмесечна претплата телевизор и други награди за што им честитаме на добитниците, истакна Андоновски. Според директорот, наградната игра ја оправдала својата цел, бидејки од година во година се поголем број граѓани редовно ја плаќаат комуналната такса. -Ова ни дава за право да најавиме дека ваквата пракса за наградување на нашите граѓани кои редовно ги подмируваат обврските ќе продолжи и во наредниот период, додаде Андоновски. Наградите за среќните добитници беа доделени во кругот на претпријатието, со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид-19. вс/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан