• сабота, 23 ноември 2024

Во Лондон денеска средба на британскиот премиер Џонсон со премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн

Во Лондон денеска средба на британскиот премиер Џонсон со премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн
Лондон, 1 јули 2022 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон денеска во Лондон ќе се сретне со премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, со која ќе разговараат за прашања поврзани со безбедноста и билатералните односи. Ардерн е во посета на Лондон по овонеделниот состанок на лидерите на НАТО во Мадрид, на кој присуствуваа и таа и Џонсон. Кабинетот на Џонсон соопшти дека тој и Џасинда Ардерн ќе разговараат за безбедносните предизвици во индо-тихоокеанскиот регион и ситуацијата во Украина. Двајцата лидери се очекува да разменат идеи за борба против дезинформациите на Интернет и зајакнување на билатералните врски во областите на трговијата и на науката. „Партнерството меѓу Британија и Нов Зеланд ги прави нашите земји побезбедни и попросперитетни. Работиме заедно за да се справиме со новите закани што се предизвик за стабилноста и суверенитетот во Европа и во индо-пацифичкиот регион“, се вели во соопштението од Кабинетот на Џонсон. аб/паг/

Остани поврзан