• четврток, 11 јули 2024

Во Либан откриен споменик на иранскиот генерал Сулејмани

Во Либан откриен споменик на иранскиот генерал Сулејмани
Бејрут, 16 февруари 2020 (МИА) – Голем споменик на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој минатиот месец беше убиен во американски воздушен напад, откриен е во јужен Либан во близина на границата со Израел. Споменикот на командантот на иранската елитна единица Кудс е поставен во пограничното село Марун ал Рас од страна на шиитската терористичка организација Хезболах, која има поддршка од Иран. Според „Тајмс оф Израел“ испружената рака на Сулејмани е алузија на планот на Хезболах да ја преземе контролата над регионот Галилеја, која опфаќа голем дел од северен Израел, како и на клучната улога на Кудс во подготовката на Хезболах за евентуален воен судир со Израел. „Ерусалим пост“ наведува дека статуата треба да ги поддржи тврдењата дека Хезболах е блиску до „ослободување на Палестина“. Сулејмани беше убиен при американски напад со дрон извршен во близина на аеродромот во Багдад, при што загинаа уште осум лица. ми/

Остани поврзан