Во Кратово се одржува „Опен фан фудбал“
- На спортските терени на игралиштето „Мусала“ во Кратово во тек е годинашната отворена забавна фудбалска школа 2020.
Кратово, 18 септември 2020, (МИА) – На спортските терени на игралиштето „Мусала“ во Кратово во тек е годинашната отворена забавна фудбалска школа 2020.
- Активностите се реализираат со запазување на Ковид-19 препораките. Околу педесет дечиња спортуваат, играат и се забавуваат, играат поделени на шест станици заедно со нивните тренери. Концептот на школата е адаптиран комплетно на состојбата со пандемијата, но главно, дечињата се пресреќни што во безбедни услови можат да се забавуваат и да учат низ игра, исполнувајќи го слободното време, информира координаторот на „Опен фан фудбал“, Кратово, Антонио Насевски.