• понеделник, 23 декември 2024

Во Кичево 68 новопријавени кандидати за реонски попишувачи во последниот рок

Во Кичево 68 новопријавени кандидати за реонски попишувачи во последниот рок
Кичево, 26 август 2021 (МИА) - Во општина Кичево се пријавија 68 кандидати за попишувачи во продолжениот рок. Тие во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани. - Во продолжениот рок за пријавување за теренски попишувачи - 25 август, во општина Кичево има уште 68 новопријавени кандидати кои утре ќе се тестираат, по што ќе ја добиеме официјалната бројка на реонски попишувачи, која ќе биде под неопходната бројка од 128 реонски попишувачи, изјави републичкиот инструктор Јованчо Сапуџиоски, според чии проценки зголемениот број новопријавени кандидати се должи на апелите на Владата и Агенцијата за вработување што поголем број кадидати да се пријават за реонски попишувачи. Тој информира дека првично пријавените 40 кандидати за попишувачи успешно го завршиле тестирањето. Нагласи дека за реонските попишувачи ќе се спроведе од сабота до понеделник, наместо ден порано како што беше претходно најавено. -Кандидатите за теренски попишувачи обуката ќе ја посетуваат од сабота до понеделник, со ден задоцнување од претходно. Покрај државните инструктори, во обуката ќе се вклучат и реонските инструктори кои во текот на денешниот ден ќе ја завршат тридневната обука, појаснува Сапуџиоски. за/бак/

Остани поврзан