• петок, 22 ноември 2024

Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД

Во Истанбул уапсени 19 џихадисти на ИД
Истанбул, 14 ноември 2020 (МИА) - Екипи на турската полиција за борба против тероризмот во Истанбул уапсија 19 странски државјани, за кои е утврдено дека вршеле активности во корист на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и подготвувале напад. Акцијата е спроведена истовремено на 16 адреси во девет области на Истанбул. Првичната истрага покажува дека уапсените лица подолго време престојувале во зоните на конфликт во Ирак и Сирија, по што илегално преминале во Турција и пристигнале во Истанбул. При извршените претреси во домовите на осомничените биле одземени документи на терористичката организација и дигитални материјали. гт/

Остани поврзан