• вторник, 24 декември 2024

Во Гевгелија казнети речиси сите кафулиња поради кршење на мерките за заштита

Во Гевгелија казнети речиси сите кафулиња поради кршење на  мерките за заштита
Гевгелија, 12 март 2021 (МИА) - На речиси сите кафулиња во градот Гевгелија досега од страна на надлежните инспекторски служби им се изречени казни за зголемениот број на гости во нив, непридржување на пропишаната физичка дистанца меѓу масите, како и меѓу гостите кои седат на една маса, рече денеска претседателот на Општинскиот кризен штаб градоначалникот Сашо Поцков. -Законите и пропишаните мерки мора да важат за сите. Ги предупредувам и економските оператори дека нема да се толерира никакво јавување преку телефон доколку не се придржуваат до здравствените протоколи, истакна Поцков. Посочи дека регионот има многу влошена епидемиолошка состојба,за што како главна причина ја посочи недисциплината на граѓаните поради која само за една недела имавме околу 160 новозаболени од Ковид-19. Модуларната ковид болница во Гевгелија е исполнета со пациенти и веќе се размислува за повторно адаптирање на делови од интерното и невро психијатриското одделение за прием и третман на новозаболени лица од Ковид-19. -Здравствените работници секогаш се први на удар,а сега поради инфицираност или изолација,веќе се дури и преполовени од вирусот. Стравувам дека,ако продолжи вака,може да се случи да се соочиме и со недостаток на медицински персонал, нагласи Поцков. им/нд/

Остани поврзан