• вторник, 19 ноември 2024

Во гевгелиското село Прдејци отворена нова детска градинка

Во гевгелиското село Прдејци отворена нова детска градинка
Гевгелија,1 април 2021 (МИА) - Во селото Прдејци денеска е отворена новата детска градинка „Развигорче“, која ќе згрижува 20 дечиња во состав на централната градинка во Гевгелија. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која присуствуваше на отворањето на градинката, рече дека пораката е многу значајна затоа што како Влада и Министерство вложуваат во грижата за секое дете. --И децата во Прдејци имаат право да присуствуваат во градинка, да се дел од предучилишното образование, да се воспитуваат и да ги стекнуваат првите знаења за образовниот процес за да можат понатаму подготвени да влезат во основното образование. Градинката ги исполнува сите услови и европски стандарди за прием и престој на децата, рече Шахпаска. Таа информира дека Министерството за труд и социјална политика за период од седум месеци отвори 11 градинки, а до крајот на годината ќе бидат отворени уште дополнителни 14 градинки за згрижување на 1400 деца со што, како што посочи Шахпаска, сериозно се работи на реализирање на четиригодишната владина програма за згрижување на 7500 деца на територијата на нашава земја. Градоначалникот Сашо Поцков кој исто така присуствуваше на отворањето на градинката, се заблагодари на соработката со Министертвото за труд и социјална политика и помошта за довршување на градинката во Прдејци, за која општината инвестираше 6 милиони денари, а внетрешното уредување е направено со помош на ресорното министерство. За време на работната посета во општина Гевгелија, министерката Шахпаска оствари средба со градоначалникот Поцков во зградата на локалната самоуправа и беше во посета на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Гевгелија.им/бт/

Остани поврзан