• четврток, 19 декември 2024

Во болниците вкупно 985 ковид-пациенти, слободни околу 320 кревети

Во болниците вкупно 985 ковид-пациенти, слободни околу 320 кревети
Скопје, 29 декември 2020 (МИА) - Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 573 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а има околу 320 празни болнички кревети во ковид центрите.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 985.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 41 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 31 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 70 во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 52 пациент, во Кочани 15 во Кичево 10, Кавадарци 29, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство соопшти дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.бт/

Остани поврзан