• понеделник, 23 декември 2024

Во Битолско приведени четири лица, пронајдени и одземени бесправно исечени огревни дрва 

Во Битолско приведени четири лица, пронајдени и одземени бесправно исечени огревни дрва 
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Приведени се четири лица во вчерашната контрола за спречување и откривање на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревно дрво спроведена од страна на СВР Битола. При контролата пронајдени се 17 кубни метри огревно дрво. Во Крушево полициски службеници затекнале патничко возило - комби „застава" без регистарски ознаки, управувано од С.С.(61) од Крушево. Како што денеска информираа од МВР, при контролата во возилото биле пронајдени околу четири метри кубни огревно дрво без  документација.  Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција Крушево. Во атарот на село Крапа, општина Македонски Брод, на место викано „Барбарас“, од слобода биле лишени В.Ц.(32) од Скопје, Г. Т.(20) од прилепското село Ропотово и М.Р.(23) од Прилеп. Тие биле затекнати при вршење на кражба на дрва.  Од нив биле одземени моторна пила и околу четири метри кубни исечено огревно дрво без документација. - Полициски службеници од ОВР Прилеп – Полициско одделение Ропотово, во атарот на село Црнилиште пронашле и одзеле една приколка натоварена со пет метри кубни бесправно исечено огревно дрво, додека во с. Гостиражни при вршење на бесправна сеча бил затекнат Л. У.(22) од кого биле одземени четири метри кубни огревно дрво, една приколка и една моторна пила. Лицето било лишено од слобода, дрвната маса била предадена на ЈП „Национални шуми“, се наведува во соопштението од МВР. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. цр/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан