• вторник, 05 ноември 2024

Во Барселона се сигурни за трансферот на Вајналдум

Во Барселона се сигурни за трансферот на Вајналдум
Ливерпул, 5 септември 2020 (МИА) - Екипата на Барселона е уверена дека ќе може да го привлече играчот за врска на Ливерпул, Џорџињо Вајналдум пред крајот на преодниот рок на 5 октомври. Новиот тренер на „каталонците“ Роналд Куман сака да го донесе својот сонародник на „Камп Ноу“. Самиот Вајналдум влегува во последната година од досегашниот договор со Ливерпул. Според информациите во Шпанија, играчот се согласил на ваков трансфер, па дури и агентот на играчот од средниот ред е близу до финализирање на договорот со Барселона. „Гол“ сега известува дека каталонскиот гигант верува дека ќе може да потпише со фудбалерот, особено откако му дозволи на Иван Ракитиќ да се врати во Севиља, а Артуро Видал се очекува да се приклучи на Интер.

Тагови

Остани поврзан