• петок, 22 ноември 2024

Во акцијата „Спас за Вардар" продадени 32 000 билети

Во акцијата „Спас за Вардар
Скопје, 19 февруари 2021 (МИА) - Националната Арена Тодор Проески, со која стопанисува АДСДП, вечерва беше осветлена со факели од страна на навивачката група Комити. На овој начин симболично беше означен успехот на акцијата „Спас за Вардар" преку која беа продадени 32 000 билети. Собраните средства се наменети за финансиска поддршка на клубот, соопшти АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје. Оттаму информираа дека билетите биле продадени онлајн, а настанот согласно ковид-протоколите, бил одржан без публика. АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје, потенцираат оттаму, како општествено одговорна фирма и поддржувач на македонскиот фудбал, даде активен придонес во организирањето на настанот. сст/дма/

Остани поврзан