• петок, 22 ноември 2024

Во Аеродром симболично засадени 15 садници во чест на 15 загинати работници на своето работно место лани

Во Аеродром симболично засадени 15 садници во чест на 15 загинати работници на своето работно место лани

Скопје, 28 април 2024 (МИА) - Во чест на 15-те загинати работници на своето работно место во текот на 2023 година, а со цел подигнување на свеста за ова прашање, денеска симболично засадивме 15 садници во рамки на новиот парк во Аеродром, соопшти градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски на својот фејсбук-профил.

Тој посочи дека оваа иницијативата е на Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија која се реализира со  поддршка на општината.

- Општина Аеродром како партнер во оваа иницијатива ќе вложи напори за хортикултурно уредување на овој простор. Паралелно реализираме и набавка на сертифицирана опрема, изработена според потребните стандарди, преземаме конкретни мерки за подигнување на безбедноста при работа, на лицата кои се вработени во општината и комуналното претпријатие, рече Муцунски. ир/вј

 

Фото: Општина Аеродром

 

 

 

Остани поврзан