Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 66 војници
- Во авионот имало 128 луѓе, односно 11 припадници на колумбиските воздухопловни сили, 115 припадници на армијата и двајца припадници на националната полиција
Богота, 24 март 2026 (МИА) - При падот на колумбискиот воен авион загинаа 66 припадници на вооружените сили - изјави началникот за одбрана Ухо Алехандро Лопес Барето.
Тој посочи дека во авионот имало 128 луѓе, односно 11 припадници на колумбиските воздухопловни сили, 115 припадници на армијата и двајца припадници на националната полиција.
Авионот „Ц-130 херкулес“ летал од Пуерто Легуизамо до Пуерто Асис, но е урна по полетувањето. Сè уште е непозната причината за несреќата. ми/ссм/
фото: ЕПА