• понеделник, 23 декември 2024

Војската на Таџикистан е во состојба на готовност

Војската на Таџикистан е во состојба на готовност
Душанбе, 22 јули 2021 (МИА) - Вооружените сили на Таџикистан од денеска се во состојба на готовност, прв пат по стекнувањето независност, за да ја проверат борбената готовност, соопшти претседателскиот кабинет. Во соопштението се прецизира дека 100.000 офицери и војници на таџикистанската армија и 130.000 офицери и војници од резервата низ целата земја се ставени во состојба на готовност.
Инспекцијата е наложена и спроведена од претседателот Емомали Рахмон. Претседателот пристигна во базата на Националната гарда по завршувањето на тричасовната операција наречена „Граница 2021“. Проверката на борбената готовност опфати и 1.023 парчиња оружје, 3.167 моторни и специјални возила, 447 артилериско оружје, 234 противвоздушни системи и 45 воени и транспортни авиони и хеликоптери. Обраќајќи им се на војниците, Рахмон истакна дека ситуацијата во Авганистан останува многу тензична и непредвидлива и дека во таа смисла на армијата, како и на другите служби, им е наредено да ја подигнат борбената готовност на највисоко ниво, со цел да се спречат реални и потенцијални закани и да се преземат соодветни мерки за итни случаи. По неговиот говор следела воена парада, на која учествувале 10.000 војници, припадници на други служби и резервисти. Таџикистан граничи со Авганистан, каде се интензивираа борбите меѓу владините сили и талибанците, откако американскиот претседател Џо Бајден на 14 април соопшти дека одлучил да ја заврши најдолгата мисија на САД во историјата. гт/

Остани поврзан