• петок, 22 ноември 2024

Вооружени напаѓачи убиле 14 земјоделци во Нигерија

Вооружени напаѓачи убиле 14 земјоделци во Нигерија
Кано, 13 октомври 2020 (МИА) - Вооружени напаѓачи за кои постои сомнеж дека се припадници на џихадистичката група Боко Харам, убија 14 земјоделци во североисточниот дел на Нигерија, соопштија извори блиски до нигериските власти.
- Ги масакрирале земјоделците. Убиле 14 луѓе, а еден е сериозно повреден, преживеал бидејќи напаѓачите мислеле дека е мртов, изјави локален официјален претставник, додавајќи дека повредениот бил веднаш префрлен в болница и се наоѓа во многу тешка состојба.
Мета на нападите кои ги извршува Боко Харам често се земјоделците, сточарите, дрвосечачите и риболовците. Џихадистичката група ги обвинува за шпионирање и пренесување информации на војската и полицијата, кои се борат против насилствата на џихадистите во тоа подрачје.
Повеќе од 36.000 луѓе се убиени во нападите на Боко Харам од 2009 година во североисточниот дел на Нигерија. гт/

Остани поврзан