• вторник, 26 ноември 2024

Волонтерите од гевгелискиот Црвен крст учествуваа во екоакција за пошумување

Волонтерите од гевгелискиот Црвен крст учествуваа во екоакција за пошумување
Гевгелија, 21 март 2022 (МИА) - Во организација на планинарскиот клуб „Кожуф“ од Гевгелија по повод 70-години од постоењето се одржа акција за пошумување во која учествуваа и волонтерите од клубот на млади при општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија. Акцијата се одржа под мотото „Природата е богатство кое треба да се чува“, на простор над селото Ново Конско во подножјето на планината Кожуф, каде беа засадени 5.000 садници од борчиња и багрем. Повод за учеството на гевгелиските волонтери од Црвениот крст во екоакцијата беше одбележувањето на 77-годишнината од основањето на Црвениот крст и 77 години успешна традиција во крводарителството поради што волонтерите посадија 77 дрвца како симбол за нови успеси и надеж. Од гевгелискиот Црвен крст посочија дека соработката со планинарското друштво „Кожуф“ ќе продолжи на следната крводарителска акција која ќе се одржи на 30 март во Гевгелија. им/мд/

Остани поврзан