• понеделник, 23 декември 2024

Воена вежба на руски брод во Атлантски Океан

Воена вежба на руски брод во Атлантски Океан

Москва, 25 јуни 2024 (МИА) – Руската фрегата „Адмирал Горшков“ имаше воена вежба во Атлантски Океан барајќи подморници со помош на хеликоптери, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Екипажот на хеликоптерот вежбаше тактички техники за пребарување и следење на подморници во Атлантски Океан, соопшти руското МО на Телеграм.

Фрегатата „Адмирал Горшков“ и нуклеарната подморница „Казан“ на 12 јуни впловија во пристаништето во Хавана, откако одржаа обука за ракување со „високо прецизно ракетно оружје“ во Атлантскиот Океан. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан