• вторник, 26 ноември 2024

Водостоите на повеќето реки под октомврискиот просек

Водостоите на повеќето реки под октомврискиот просек

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Водостојот на Вардар кај Јегуновце, кај Железнички мост Скопје и кај Демир Капија е над просекот за октомври, а повисоки се водостоите и на Пчиња кај Катлановска Бања и на Струмица кај Сушево, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. 

Под просекот за октомври се водостоите на Вардар кај Велес, Лепенец - Влив, Пчиња кај Пелинце, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Берово, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка, Струмица кај Ново Село, Црна Река кај Новаци, Црн Дрим кај Ложани.... 

Нивото на Препанското Езеро и натаму е на 17 сантиметри под апсолутно појавениот минимум.лв/са/

Остани поврзан