• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Несериозноста на власта да се справи со кризата ќе има далекусежни последици врз економијата

ВМРО-ДПМНЕ: Несериозноста на власта да се справи со кризата ќе има далекусежни последици врз економијата
Скопје, 21 април 2020 Несериозните мерки на владата на СДСМ ќе имаат далекусежни последици врз македонската економија и граѓаните. Наместо да презентираат мерки од кои што никој нема бенефит, потребно е веднаш да се спречи отпуштањето на работници и крахирањето на фирмите. Владата мора да ја сфати сериозноста на здравствено економската криза и посериозно да постапи кон нејзино решавање се со цел да може стопанството да биде сигурно дека во државата има партнер. Државата мора сериозно да пристапи кон решавање на проблемите на граѓаните и наместо да води пи-ар кампањи веднаш да им помогнат на фирмите, бидејќи само така ќе им се помогне и на вработените во фирмите за да не останат без работно место и финансиска помош за животна егзистенција, а со тоа ќе и помогнат и на фирмите да не колабираат. Доколку СДСМ не знае и не умее, тогаш потребно е итно прифаќање на мерките кои што ги нуди економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за спас на економијата Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан