ВМРО - ДПМНЕ: Филипче и Заев да кажат кој е патот до златна виза во Дубаи, додека викаа дека ќе ја спасуваат Македонија тие ги спасувале милионите
- Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи. Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви?

Скопје, 16 април 2025
Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи.
Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви?
Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи?
Колку милиони чини и на кој начин се стекнати?
Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар на местото претседател на СДС, Венко Филипче.
Дали Венко Филипче поседува виза за Дубаи?
На кој начин ја стекна, имајќи во предвид дека цел живот е на административна плата без ден работен стаж во приватен бизнис?
Додека велеа дека ја спасувале Македонија, тие ги спасувале милионите.
СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.